Angel si ti1

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Погребан Тоше Проески

Тоше Проески почива над родното Крушево. Нема зборови со кои можам да ви ја опишам неизмерната болка на неговите родители, тагата кај роднините, пријателите, колегите, сите кои пред два часа беа на градските гробишта на Гумења.

Најпотресна беше сликата од неговиот татко кој побара да го види синот за последен пат.

Тоше Проески е испратен со најголеми државни и црковни почести. Звук од плотуни испалени од војниците, марш и најгласното, многу солзи, плач, лелек.

Сите говорници порачаа, Тоше нема да биде заборавен. Преку неговиот глас се слушна најмногу за Македонија.

Тоше беше хуманист. Луѓето од Црвениот крст се лутат на неговата судбина, која го зема во смрт прерано пејачот.

Пријателите се уште се во шок, не можат да поверуваат повеќе нивниот другар. Колегите, пак, сметаат дека со смртта на Тоше умре најголемата ѕвезда од Македонија. Тој не беше уметник, тој беше ремек дело.

Последен зборуваше Премиерот велејќи, Тоше замина како што живееше, сонувајќи за посреќни луѓе, за подобро утре.

„Дали Крушево и Македонија по Илинден 1903-та ги обвило ваква тага, ги исполнило ваква жалост, дали ги натопило толку сенародни солзи и дали ова што го доживуваме од вчера утро па наваму, по трагичната вест за Тоше, може ли да се спореди со било што“, рече архиепископот Г. Г. Стефан.

„Тој не научи на чистота, на јасност, на упорност, на хуманост, на скромност, искреност, на вредност. Не научи на критериумите врз кои треба да почива универзумот“, вели премиерот Никола Груевски.

„И она негова реплика „Ве сакам сите“, „Прекрасни сте“, нека стане, дефинитивно, универзална реплика на сите Македонци. Она што е најзначајно е, при последниот разговор ме праша, можеби јас сум уметник, тој не беше уметник, тој беше ремек дело“, кажа Весна Петрушевска.

Овде на Гумења се уште има луѓе, оние кои не можат да се одделат од Тоше, оние кои не можат да заборават, оние кои се уште се во шок затоа што го изгубија Тоше, божјиот дар, како што вели и неговото име Тодор.
 

Strelka21