Angel si ti10

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Светските медиуми полни со написи за Тоше

„Прерано загубениот живот е загуба не само за Македонија, туку за сите нас“, вели британскиот амбсадор во Македонија Андру Ки.

„Тоше Проески беше искра која светеше со својот талент, ентузијазам на младоста и со огромниот хуманизам“, пишува францускиот амбасадор Бернард Валеро во писмото со сочувство до семејството Проески.

„Јас, моите вработени, Амбасадата и целиот шпански народ се приклучува кон тагата“, се вели во телеграмата од шпанскиот амбасадор во Македонија“ Агуерас.

Сочувство и од првиот балкански претседател, претседателот на Србија Борис Тадиќ.

„Вашиот син беше исклучително талентирано момче, кого и ние во Србија го доживуваме како свој. Ја споделуваме вашата тага“, се вели во телеграмата од Тадиќ.

„Згасна пејачката ѕвезда. Загина кралот на музиката. Гласот на ангелскиот принц повеќе го нема“. Ова се само дел од насловите на веб страниците, весниците и телевизиите ширум светот.

Австралискиот Интернет портал „Undercover“ објавува, дека Македонија денеска е во жалост по смртта на поп-пејачот Тоше Проески. „Луѓето отворено плачат на улиците, а радио-станиците постојано ги пуштаат неговите хитови“.

Сите најголеми хрватски гласила објавуваат извештаи за денешниот погреб на Тоше во неговото родно Крушево, и Денот на жалоста.

„Почина големиот македонски и балкански пејач“, објави во ударните вести Албанската национална телевизија, во опширен прилог илустриран и со снимки од настапот на „Големиот Тоше“ во Тирана, пред три години.

Словенечката новинска агенција СТА објави детална биографија на поп-пејачот. „По Тоше не тагува само Македонија, туку и Словенија“, пишува љубљански „Дневник“.

„Свеќа за Тоше, „Вечер“ од Марибор го истакнуваат црнило што ја покри Македонија со трагичната смрт на кралот на музиката.

Во Германија, Франција, Британија и други земји има шокираноста кај обожавателите. За популарноста на големата ѕвезда сведочат и бројните коментари и изрази на сочувство од неговите обожаватели објавувани на интернет порталите.

Одделни новински агенции Тоше го поистоветуваат со Елвис Присли од Македонија. Свеќи и свежи цвеќиња за Тоше денеска и во Подгорица и Мултимедијалниот центар во Загреб.

Телеграми со сочувство и од иселениците во Канада, САД, Австралија, Нов Зеланд, Шведска.

 

Strelka21