Angel si ti15

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Тони Цетински: Песна за мојот братко Тоше

Остави светло на патот
по кој сакаш да тргнеш
помогни ми кога сонувам
да можам да ти дојдам
среќен и насмеан
Подигни ги рацете и исправено
тргни во белиот храм
и тивко речи им на сите дека
ќе останеш дете меѓу ангелите.

А јас?
Бог нека ми ги отвори очите
небото нека ми го засили слухот
да те слушнам и да те видам
во секој сон.

А ти?

Бог нека ти подари крилја
небото нека ти подари спас
да пееш, да им пееш на сите
засекогаш да го слушаат
твојот глас.
Оваа земја те сака
и ги чува спомените на
деновите кога беше тука
а драгите луѓе те носат
како вечна рана.

А таа?
Лежи на перницата.
Гледа во небото
ги склопува рацете и ги крие
солзите зашто не си со неа
додека леташ со ангелите.


(Песната е напишана по смртта на Тоше)
 

Strelka21