Angel si ti17

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Тоше ни беше како син, а Ѓоле исто на неговите родители

"Тоше ми беше како син, а мојот Ѓоле беше исто на неговите родители" - низ солзи, растревожен и потиштен раскажуваше за "Вечер" Веле Ѓорѓевски, таткото на човекот кој управуваше со автомобилот во сообраќајната несреќа во Хрватска во која загина мега ѕвездата.
"Вторникот разбрав дека син ми е тешко повреден и се наоѓа во болница. Не знаев што се случува, а тогаш ми кажаа дека нашиот Тоше загинал. Јас и моето семејство бевме во страшен шок. Иако бев под дејство на јаки лекови не можев да издржам, да не отидам последен пат да го видам и испратам Тоше", во солзи говореше родителот.

"Наредниот ден со мојата сопруга, отидов во Крушево, се прегрнавме со родителите на Тоше и му изразив сочувство на Никола, таткото на Тоше", беше присутна огромна толпа на луѓе, и најблиските мораа да го видат неговото тело, да си го видат нивното синче. Глетката беше ужасна, нашето второ дете не можевме ни да го препознаеме", плачејќи збореше Веле Ѓорѓевски.

"Последните пет-шест години откога нашите деца се дружеа меѓу себе, немаше ден а ако не минува Тоше некаде во близина на нашата семејна куќа, да не намине и да не сврати", вели Ѓорѓевски.
"Тоше и мојот син Ѓоле беа вистински пријатели, а не негов возач, тоа не е точно што го пишуваа во весниците и она што го гледавме на телевизиите" појасни Ѓорѓевски.

"Тие беа неразделни другари, деноноќно беа заедно", напомена Ѓорѓевски.

"Мојот Ѓоле, го придружуваше секогаш Тоше, онаму каде што тој ќе идеше заедно со неговата менаџерка Љиљана", изјави средовечниот скопјанец.

Многу сум запрепастен од тоа што луѓето велат дека Ѓоле работел за Тоше како шофер или било што. Двајцата немаа таков однос. Тие беа единствено пријатели. Секаде идеа заедно на одмори, крај море и езеро на планина, на концерти. За националниот празник 11 Октомври двајцата беа заедно во Крушево 4 дена. Таткото на Тоше во телефонски разговор со мене ми рече дека двајцата треба повеќе време да минуваат заедно во нивниот семеен дом. Тој ми се заблагодари на начинот на кој го третиравме Тоше кај нас дома", раскажува Ѓорѓевски.

Мојот Тоше, според тоа што ми го кажа татко му Никола, рекол на неговите родители дека јас и мојата сопруга сме му второ семејство, тој кај нас се чувствувал како дома.", говореше Ѓорѓевски.
Таткото за крај додаде дека Тоше, мојот Ѓоле и каратистот Недев, беа тројцата најблиски и најверни пријатели, а едниот веќе нема да биде повеќе со нив.

Толевски Трајче, чичкото на Ѓоко Ѓорѓевски и Александар Ѓорѓевски, посведочија и ги повторија истите топли зборови наменети за Тоше. И тие потврдија дека двајцата биле верни и неразделни пријатели.

ПОСЛЕДЕН ПАТ РАЗГОВОР СО ТОШЕ
Ми рекоа одат во Хрватска да се забавуваат
"Тоше и мојот син телефонски се јавија ноќта кај нас дома на телефон пред да се случи трагедијата. Тие ми напоменаа, во куфери да им спакувам облека и нешто за јадење бидејќи требале за неколку часа да заминат во Хрватска, додаде Ѓорѓевски.

"Син ми Ѓоле ми рече, тато идам со Тоше да се забавувам во Хрватска, ќе седиме некој ден и ќе се вратиме во среда навечер".

"Мојот Тоше никогаш повеќе не се врати од таму, а син ми кој е тешко повреден, ги видов фотографиите од него во весниците се расплакав".

"Што ќе се случи со мојот син се уште не знам, и сум во исчекување. Сакам само да го видам и прегрнам уште еднаш. Многу ми е страв од неговите постапки и однесување. Го познавам јас мојот син", изјави Веле Ѓорѓевски.

ОД ХРВАТСКА
Ѓорѓевски денес пристигнува во Скопје
Ѓорѓи Ѓорѓевски (32), човекот кој управувал со џипот во фаталната сообраќајна несреќа во која загина Тоше Проески, денеска, дознава "Вечер", пристигнува во Скопје. Тој во Македонија ќе пристигне во лежечка положба со медицинско возило на болницата во Нова Градишка во која е хоспитализиран по несреќата. Информациите за "Вечер" ги потврди жупанискиот државен обвинител Стјепан Харамутеска.

ДЕН ПО НЕСРЕЌАТА
Ѓорѓевски се обидел да се самоубие
Триесет и двегодишниот скопјанец е под седативи во Хируршкото одделение на болницата во Нова Градишка откако дознал дека неговиот голем пријател го загубил животот.

Медицинските сестри во болницата раскажуваат дека тој најпрво не знаел дека Проески загинал, а потоа, кога му кажале, сакал да се самоубие скокајќи од вториот кат на болницата.

"Истрагата утврди дека трагедијата се случила поради голема брзина и недоволна оддалеченост на возилата", велат во полициската станица во Нова Градишка. Предметот е во рацете на Јавното обвинителство во Славонски Брод, кои подготвуваат обвинение против Ѓорѓевски.
Според истрагата, Ѓорѓевски со 180 км на час удрил во италијанскиот камион со белградска приколка, по што се занел на левата страна од коловозот, се превртел неколкупати и удрил во заштитната ограда на автопатот на 2 км од наплатната рампа за Нова Градишка.

НОВА ГРАДИШКА
Ѓорѓевски денес пристигнува во Скопје
Ѓорѓи Ѓорѓевски(32), човекот кој управувал со џипот во фаталната сообраќаена несреќа во која загина Тоше Проевски, денеска дознава "Вечер" пристигнува во Скопје. Тој во Македонија ќе пристигне во лежечка положба со медицинско возило на болницата во Нова Градиска во која е хоспитализиран по несреќата.

Информациите за "Вечер" ги потврди жупанискиот државен обвинител Стјепан Харамутеска. Хрватската полиција, против Ѓорѓи Горѓевски(32), оној кој го управуваше "Туарегот" на Тоше, подесе кривична пријава за неочитување на возниот ред и предизвикување на сообраќајка со смртни последици. На Героѓиевски ќе му се суди во Македонија, а информацијата ја потврди хрватскот Министерство за правда

Маестро Симон за Маестро Тоше
- Остани секогаш насмеан Тошка. Секогаш ќе останеш во моето срце. Твој Симонче. Познатиот македонски пијанист Симон Трпчески, му оддаде посебна почит на својот пријател, Тоше Проески, потпишувајќи се во книгата на жалоста во македонската амбасада во Лондон. Трпчески во книгата се потпиша на само три часа пред почетокот на концертот во Ројал Фестивал Хал, посветен на Тоше Проески.

- Тоше ќе го паметам како човек кој беше пример како сите ние треба да се однесуваме, да имаме секогаш широко отворено срце. Тој е легенда за нашата држава. Пред само две недели му бев на концертот и во овој момент не можам да зборувам за оваа немила случка. Ги пречекуваше луѓето секогаш со насмевка. Мојот прв концерт во Лондон сезонава и првиот концерт во престижната Ројал Фестивал Хал и официјално му го посветувам на Тоше, а ваквата одлука Филхармонијата од Лондона ја прифати со драго срце. Во книгата на жалоста се потпиша и неговиот брат, композиторот Јован Трпчески. Браќата Трпчески се автори на песните "Љубена" и "Ѕвезда северница" кои се најдоа на носачите на звук на Тоше. Јован Трпчески со тешко срце кажува дека несреќата во која загина Тоше се случила токму на неговиот роденден. Таква беше и пораката која тој ја остави во книгата на жалоста во амбасадата во Лондон.

- Е мој Тоше. Така ли ми честиташе роденден. Ние ќе пишуваме уште многу песни за тебе. Почивај во мир, мој пријателе. Вечно ќе ми недостигаш, се зборовите под кои потпишан стои Јован Трпчески.

Наградата за интерпретација ќе го носи името на Тоше
По предлог на директорот на фестивалот "Еврофест" Костадин Костадиновски, Советот на фестивалот едногласно прифати наградата за интерпретација да го носи името на најголемата ѕвезда во историјата на македонската музика - Тоше Проески. Фестивалот на кој Тоше во 1998 година ја освои првата награда со песната "Сонце во твоите руси коси" ќе се одржи на 9 и 10 ноември во Домот на АРМ.

Токму тогаш ќе се знае кој на 11. фестивалско издание ќе ја има честа прв да ја добие наградата со бесмртното име на Тоше Проески, велат од дирекцијата на "Еврофест".

 

Strelka21