|
Со брзина од 171 километар на час се движел џипот на Тоше Проески кога се случил судирот со камионот. По една недела вештачењето на Туарегот во Хрватска заврши.
Брзото возење и недржењето потребно растојание и официјално е потврдено, се основните причини за стравотниот судир во кој загина Тоше.
Ова денеска го соопшти хрватскиот жупаниски обвинител Харамустег. Тој не можеше децидно да каже дали Тоше, Ѓорѓевски и Лилјана Петровиќ биле врзани со сигурносни ремени.
„Јас немам доказ дали биле врзани или не, тоа можеби во моментов и не е важно. Возилото е потполно технички исправно. Тоа е заклучокот од она што остана од возилото“, изјави Стјепан Харамустег, заменик јавен обвинител - Хрватска.
Во време на несреќата седиштето на Тоше Проески било во исправена состојба, но од силината на ударот тоа пукнало. Дали отворањето на воздушните перници во возилото ќе помогнеле да се избегне трагедијата.
„Прашање е, со брзина од 171 километар на час, дали и каква функција би имале тие?“, додаде Харамустег.
Тоше го возел џипот од Скопје до минување на границата меѓу Србија и Хрватска. Пред и самиот да заспие на неговата пријателка Будимир и посакал добар сон со СМС порака.
Ѓорѓи Ѓорѓевски и натаму останува на Клиниката за трауматологија. До крајот на неделата се очекува хрватското обвинителство предметот за несреќата да го испрати во Македонија.
|