Angel si ti2

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Веста за Тоше и на BBC и CNN

Трагичната смрт на Тоше Проески вчера беше главна вест во домашни, регионалните и свестските весници, телевизии и интернет изданија. Водителките чии емисии одеа во живо не можеа да ги сопрат солзите. Емоциите ја потиснаа за миг професионалноста. За големата загуба на Македонија, регионот и светот, за амбасадорот на добра волја на УНИЦЕФ јавија и светските сервиси BBC, CNN, Ројтерс, Франс Прес, Асошејтед Прес, Earthtimes, Дејли телеграф и многу други Сите го нарекуваат "најголема поп-ѕвезда на Балканот".

Кај неговите колеги и меѓу домашноте јавни личности неверување, солзи, тага.... Во нашата редакција со изрази на сочувство упатени до неговото семејство се јавија многумина граѓани, но и дел од домашните јавни личности меѓу кои Бојан 13, Емин Гаџа, Антонио Димитриевски, Ѓоко Ѓорчев...
 

Strelka21