Angel si ti20

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Андријана има право на тага

Ќерка ми има право на своја тага, затоа, ве молам, оставете ја да тагува и не зборувајте се и сешто, не заради неа, туку заради Тоше, изјави вчера за "Вест" Милена Будимир, мајката на Андријана

Скршена од тага шест дена по смртта на Тоше Проески, Андријана Будимир одбива да ги коментира сите шпекулации што деновиве излегуваат по медиумите за нејзината врска со македонската мегаsвезда. Таа со нејзината мајка е во Скопје и се подготвува повторно да замине за Крушево на деветдневниот помен од трагичната смрт на Тоше.
"Андријана ниту чита весници, ниту гледа телевизија, ниту пак ја интересира што се кажува во нив. И јас ги слушнав глупостите дека е трудна, што не е точно. Сите нејзини работи се во станот на Тоше, но тоа во оваа ситуација е најмалку важно. Ќерка ми има право на своја тага, затоа, ве молам, оставете ја да тагува и не зборувајте се и сешто, не заради неа, туку заради Тоше. Последно нешто во овој момент е да дава изјави и деманти по медиумите. Таа се подготвува да замине во Крушево на 9 дена од смртта на Тоше и сака во мир да тагува. Ќерка ми е во неопислива тага и јас сум тука да и се најдам зашто знам низ што поминува", вели мајка и на Андријана, Милена Будимир, која уште во вторникот дојде од Србија за да биде покрај неа во моментите на тага.
Српски "Блиц" во саботата пишуваше дека на Андријана не и било дозволено да си ги земе личните работи од станот на Тоше во скопско Злокуќани и дека станот е запечатен од полицијата и во него може да влезе само семејството Проески. Вчера, од МВР демантираа и изјавија дека немаат причина да го запечатат станот на трагично починатата македонска мегаsвезда.
Денеска, се очекуваат резултатите од вештачењето на џипот фолксваген таурег во кој во вторникот изутрина загина Тоше Проески. Откако ќе ги добие резултатите, хрватската полиција најави дека случајот ќе го препушти на македонските власти. Ѓорѓи Ѓорѓевски, другарот на Тоше кој го возеше џипот и во сообраќајната несреќа претрпе потешки повреди, во саботата доби отпусна листа од болницата во Нова Градишка и се очекува со медицинско возило денеска да тргне кон Македонија.
 

Strelka21