Angel si ti22

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Девет дена лелеци за Тоше

Во траорна атмосфера, скршени од болка и вчера на деветдневниот помен за Тоше Проески во црквата Успение на Св. Богородица и на гробот на македонската мегаsвезда на Гумење во Крушево се собраа неговото семејство, роднини и пријатели, негови обожаватели, негови врсници и другари, членовите на бендот кои шест години  свиреа со него, менаџерката Лилјана Петровиќ.
 Грч и болка на лицата на родителите, на најблиските, на менаџерката Љилја. Болната тишина и оддавањето почит за прерано згаснатиот живот и за се што направи Тоше ја нарушуваа лелеците.
Менаџерката Лилјана едвај запали свеќа, не сакаше ни шербет за да се поврати и падна пред гробот, по што Службата за итна помош ја префрли в болница.
Стеван Ацески, вујкото на Тоше, кој деновиве од името на семејството упати искрена благодарност до сите што сочувствуваа со семејната тага, член  од семејството  на владиното координативно тело за изградба и средување на гробот на Тоше Проески, со болка зборувајќи за големата приврзаност на Тоше со родителите, кои трепереле за секое негово патување, вчера рече: "Дури на мајка си и велеше: 'Мамо, ако толку се вознемируваш, подготвен сум да се откажам од музиката и да работам како наставник по музичка култура'. Татко му мораше да ја преслуша  секоја негова нова песна. И тој е музикален и има слух за музика, иако за разлика од неговата мајка не пее многу убаво". (В.То.)

***
 
Има многу песни што допрва ќе се чујат

Никој не е рамнодушен. Навираат сеќавањата, кине болката .Тоше беше прекрасен пријател, потоа стана и наш другар. Работевме заедно шест години, толку време го придружувавме со бендот, вели Предраг Икономоски, член на бендот.
Се уште не можеме да се соземеме и да ја сфатиме реалноста дека веќе физички го нема  покрај нас прекрасниот  човек Тоше. Работевме на  материјали од последниот албум и од последниот концерт, кој ли можеше да знае дека ќе е последен. Има многу материјали од Тоше  кои допрва ќе се чујат, со непребол во душата говори  Икономоски.

***

Скулптори се нудат за споменик

До локалната власт во Крушево  пристигнуваат и  понуди од скулптори за изработка на споменик на Тоше.
Борис Стапарац, скулптор од Хрватска и скопјанецот Илија Аџиоски, исто така, скулптор, се понудиле да изработат споменик за Тоше.
Стапарац, кој изработувал скулптура  на боксерот Роки Балоа според кого се снимени филмовите со главна улога на Силвестер Сталоне, сака да направи скулптура и за Тоше.
Скулпторот Аџиоски, пак, имал и идејно решение и ја нуди својата помош за изработка на споменик.

***

Последните пораки кои Тоше и ги пратил на Андријана

Хрватскиот весник "24 часа" вчера ги објави последните пораки кои Тоше и ги праќал на Андријана Будимир.

* Ангелу мој, те сакам. Ангелче, ми недостигаш, принцезо моја.
* Ти си мојата потпора и љубов која ми помага да ја пребродам и срушам секоја препрека, а некои препреки дури и да не ги забележувам.
* Принцезо моја, вози полека ако ме сакаш. Ако нагазиш повеќе од 140, значи дека не ме сакаш. Ангелче, те сакам.
* Пази како возиш, посебно таму кај онаа кривина. Живеам за тебе, љубов моја единствена, те сакам најмногу на светот.
* Убаво нанкај, и мене ми се спие. Те сакам најмногу на светот. Ова е последната порака која Тоше и ја напишал на Андријана Будимир пред трагичната смрт.
 

Strelka21