|
Родителите на трагично загинатиот Тоше Проески, ги повикуваат сите луѓе да помогнат да се доизгради манастирот „Свето Преображение“ кај Крушево, со желба заеднички да се заврши она што Тоше го започна. „Манастирот “Свето Преображение“ да стане гордост на сите генерации на нашата Македонија! Да биде богоугодно место за сите идни генерации!“, се наведува во апелот од родителите на Тоше, Доминика и Никола Проески, објавен во дневните весници.Сите заинтересирани, своите донации можат да ги уплаќаат на Стопанска банка а.д. Скопје, филијала Крушево, број на сметка: 0016370490 Ибан: 0016370490.„Добрите луѓе, своите добри дела не ги прават поради желба за слава и благодарност, туку затоа што знаат дека треба да се слави Господ! Искрено со целото свое срце и душата! Тоа е нашата молитва!“, порачуваат родителите на Тоше.Тие упатуваат благодарност до сите во Македонија, и во светот, кои духовно се врзаа со нив во најтешките моменти од нивниот живот.
|