Angel si ti28

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

НА ТВ ВАТИКАН: Репортажа за духовната и хуманата посветеност на Тоше Проески

Во специјалната божикна програма на Телевизија "Ватикан" е прикажана посебна репортажа за духовната и хуманата посветеност на Тоше Проески. 15-минутната приказна за Тоше и неговото верување во Бога истакнува дека за својот краток век тој со целото свое битие беше посветен на верата, црквата и хуманоста, а неговите песни со текстовите и музиката беа молитви.

Тоше ги радуваше и сплотуваше луѓето без разлика на која нација, вера или генерација припаѓаат. Пееше на македонски, на мајчиниот влашки, на англиски, српски, хрватски, шпански, италијански, руски, француски. Телевизија Ватикан пренесувајќи дека Тоше Проески за своја водилка во хуманоста ја сметаше блажената Мајка Тереза, открива дека тој бил член на организацијата "Скопјанката Мајка Тереза".

Во репортажата е пренесен и чинот кога Проески на неговиот хуманитарен концерт на стадионот во Скопје ја прима последната награда во својот живот-токму статуата на Мајка Тереза и која и ја предава на својата мајка Домника, нагласувајќи дека добрината и хуманоста ги наследил од родителите. Во телевизискиот запис се истакнува дека Тоше е личност на годината во Македонија и Хрватска.

Потенцирајќи дека Тоше го посетил Ватикан, телевизијата која емитува програма на 40 јазици, објавува делови од настапите што во чест на Мајка Тереза ги имал во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје и инсерти и пораки од повеќето негови хуманитарни мисии. Истанувајќи дека Тоше е идол на младите и симбол за хуманоста, се пренесува идејата за негова световна канонизација во куќата на сестрите на Мајка Тереза во Ватикан.

Strelka21