Angel si ti3

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Тоше ми рече - одам нагоре!

Во куќата на Тоше само болка и плач. Неговите родители се избезумени, не можат ни збор да кажат за чедото кое го загубија. Неговиот вујко Стеван Ацески вели - секој има по што да го памети. Тој е најблагородната личност, едвај проговори Ацески


Ѕвездата замина. Вака крушевчани ги дочекуваа оние кои вчера пристигнува во древниот град за да му оддадат почит на македонското богатство - Тоше Проески. Слики и постери од Тоше беа првата глетка низ улиците на неговото родно место. Децата низ солзи ги пееја неговите песни. Столбот на Крушевската република и црквата "Св. Никола" беа преполни со крушевчани кои палеа свеќи за Тоше, оставаа цвеќиња и играчки. Михајло Чурчиески, најдобриот другар на Тоше од детството, не знае дали е среќа или несреќа што по седум минути по полноќ се слушнал со Тоше, кој можеби бил и последниот повик од неговиот мобилен телефон.

- Се слушнавме седум минути по полноќ. Ми се јави да ме праша дали со другарите играме игри на компјутер без него, зошто секогаш играше со нас. Ме праша поединечно за секој од нас како е. Го прашав каде оди. Ми рече "нагоре", неколку пати ми повтори "нагоре". Синоќа не го сфатив што значи тоа "нагоре". Но, утринава кога слушнав, го сфатив што сакаше да каже, ни рече низ солзи Михајло.

Неговите другари раскажуваат дека од Крушево заминал заедно со Андријана Будимир. Ја оставил во Србија. Пред заминување рекол дека се чувствува како да го достигнал врвот. Бил пресреќен што нашол спонзор за Одбојкарскиот клуб од Крушево со кој викендов го одиграл и првиот меч. Крушевчани велат дека градот заживувал со Тоше. Со неговата смрт и тој ќе умре.

И неговата учителка од забавиште, Милица Стојческа, низ солзи се сеќава на малото детенце што седело во нејзината училница. Вели, такво дете нема да се роди. Никогаш нема да го заборави.
Во куќата на Тоше само болка и плач. Неговите родители се избезумени, не можат ни збор да кажат за чедото кое го загубија. Неговиот вујко Стеван Ацески вели - секој има по што да го памети. Тој е најблагородната личност, едвај проговори Ацески. Советот на Општината прогласи три дена жалост. Учениците уште вчера беа пуштени од настава. Знамињата се симнати на половина копје, а музика никаде не се слуша. Претседателот на Советот на Општината, Благоја Благадуша им изрази сочувство од свое име, од името на Општината, од име на целиот град на семејството Проески.

- Крушево од денес утринава е во тага и шок. Веста за ненадејната и прерана смрт длабоко не потресе. Загуби Македонија, загуби музиката која е игри без граници, загуби Крушево. Неговите песни, ангелскиот глас ќе живеат вечно зашто песната не умира, а со тоа и Тоше ќе биде бессмртен, рече Благадуша.
 

Strelka21