|
Хрватскиот дневен весник "Вечерњи лист" вчера објави информации од обдукцијата која покажала дека Тоше Проески загинал во моментот на ударот, поради пукање на третиот вратен прешлен. Тоа е повреда која никој, па ниту македонскиот славеј со ангелски глас, како што пишува весникот, никогаш не ја преживеал. Според "Вечерњи лист, "Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше, поминала без физички повреди. Таа била во шок и не можела да комуницира со медиумите. Но според првичните информации кои ги објавува "Вечерњи лист", а кои загрепските соработници на Тоше успеале да ги извлечат од скршената менаџерка, се чини дека возачот (додека Тоше и таа спиеле) возел пребрзо (околу 200 километри на час!), па кога го престасувал камионот изгубил контрола над возилото. Менаџерката се сеќава само на страшниот удар, кршењето на стаклото и на лимот, како и на нејзините и на возачот очајнички и безуспешни обиди да го извлечат згмечениот Тоше под лимот и големата локва крв.
|