|
Неговата менаџерка Љиљана Петровиќ во Крушево стасала вчера рано наутро. Роднините велат дека кога почнала да се качува по скалите за да влезе во собата за тага, каде беше ковчегот со телото на Тоше и неговите родители, тие ја спречиле оти мајка му и татко му не сакале да ја видат. Таа извесно време седела на внатрешните скали, по што заминала во хотелот "Монтана", кој бесплатно беше отворен за новинарите и други делегации кои присуствуваа на погребот. Петровиќ и вчера не смееше да се доближи до родителите на Тоше. Откако, како и сите други, помина проштално крај ковчегот на Гумење, по што се тргна сосема настрана од толпата луге.
|