Angel si ti9

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Последната песна на Тоше вечер на Градски

На фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и на Андора кој почнува вечер во 20 часот на Градскиот стадион во Скопје, ексклузивно ќе биде промовирана песната „Македонија навива за вас“ што ја испеа Тоше Проески. „Македонија навива за вас“ Тоше и ја подари на својата земја, но остана необјавена. Воедно таа е последната песна што Тоше ја сними.

Како дел од проектот “Македонија навива”, Агенцијата за млади и спорт имаше објавено конкурс за избор на национална навивачка химна. Беа селектирани 12 композиции од кои граѓаните треба да ја изберат официјалната навивачка химна. Песната „Македонија навива за вас“ е една од 12-те композиции кои се веќе снимени.

Оваа како и останатите 11 песни ставени на ЦД посветено на Тоше Проески, каде специјално е додадена македонската химна во три верзии, на граѓаните ќе им бидат достапни в сабота како бесплатен прилог во дневните весници „Време“ и „Македонски спорт“, соопшти Агенцијата за млади и спорт.

 

Strelka21