|
Маргарита Христова се врати од интернационалниот фестивал Малта хит сонг, на којшто освои наградата за најдобар пејач. Фестивалот на Малта траеше десетина дена од 29 април до 9 мај во Ла Валета, каде што освен од Македонија, учествуваа претставници од 13 земји - Италија, Англија, Ирска, Турција, Романија, Канарски острови, Бугарија, Литванија, Белорусија, Кипар, Египет, и секако домаќините Малта.
За престижната награда на Маргарита, за најдобар пејач, одлучуваше интернационално жири. На фестивалот нашата пејачка оствари бројни контакти за соработка, а доби покана за учеството на фестивалите на Канарските Острови во јули и во Италија во септември. Претходно Маргарита ја очекува учеството на фестивалот во Истанбул, како град на култуата во Европа за 2010 година, каде што како претставничка од Македонија настапува на 29 мај.
|