Muzika 10

                                                                 Vrememerac02        



 
Форум
Вашата Порака
Писмо до Македон
Во меана на чет



Copyright 2004

              

 

Ева во полоноќно кабаре

Ева Нединковска наскоро ќе биде постојан гостин, односно секој петок по полноќ ќе има свое шоу во ноќниот клуб Миднајт. На идеја на клубот стартува ново целовечерно шоу кое ќе биде концепциски многу богато и интересно и, како што вели пејачката, нешто што досега кај нас не е понудено како форма на забава. Главен носител и артист на вечерта ќе биде русокоста охриѓанка, која ќе биде придружувана од петчлениот бенд од академски музичари "Why not", но и други гости кои повремено ќе земаат учество. Секоја недела стилот и концептот ќе биде различен, ќе има кабаре вечери со автентична програма, танчари и жонглери, потоа смут џез-вечери, но ќе има и вечери наменети за луда забава со модерни рнб-хитови. Како најава и загревање на сето тоа, вечерва и наредниот петок после полноќ Ева ќе биде специјален гостин на веќе постоечката ноќна програма, која е во знак на добрата жива рок-музика во клубот, а веќе при крајот на месецот може да се очекува новиот концепт и нејзиното целовечерно шоу.

НАЗАД

Eva Nedinkovska02