Muzika 11

                                                                 Vrememerac02        



 
Форум
Вашата Порака
Писмо до Македон
Во меана на чет



Copyright 2004

              

 

"Капка под небото" во 20.000 примероци

Шестиот албум на Каролина Гочева, насловен "Капка под небото", од вчера е во продажба. Албумот со тираж од 20.000 примероци по цена од 200 денари може да се купи на 2.000 продажни места низ цела Македонија. Во пресрет на новогодишните празници во продажба ќе биде пуштено и ексклузивно дигипак издание. Материјалот за балканскиот пазар е издаден како Кап испод неба" и тој од вчера е достапен на фановите во регионот, а излезе под етикетата на Сити рекордс и Емоушн. Новото музичко парче на битолчанката содржи 10 нови композиции плус две бонус (една акустична и една ремикс верзија на две од постоечките 10 композиции), на кои како автори се појавуваат неколку композитори од Балканот и од Русија.

"Не се враќаш" е првата песна која веќе извесен период се врти и беше лансирана како најавната за албумот. Напишана е од македонските автори Бертан Аслани и Даниел Кајмаковски, а гостин на гитара е Влатко Стефановски. Иако промоцијата на албумот беше најавена за 22. месецов, нејзината матична продукција Авалон се премисли и оттаму велат дека нема да прават големи журки за да го промовираат материјалот.
 

НАЗАД

Karolina Gocheva302