Muzika 13

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Ева со нов албум 13

Поп -пејачката Ева Нединковска подготвува нов албум за кој музиката и текстовите на четирите досега снимени песни ги напиша таа. Албумот, вели Ева, стилски се движи од соул, блуз до смут-џез и е доста моќен и има акцент на мелодиските теми и идејата е истовремено да биде интересен и за пејачи и за инструменталисти.
-Песните се снимаат во живо, ангажирани се повеќе врвни инструменталисти. Албумот ќе биде промовиран песна по песна, а комплетното негово издание ќе биде завршено кон крајот на годинава, вели Ева.
Песна која прва ќе се промовира е баладата "Никогаш", комплетно е отсвирена во живо на пијано, гитара, контрабас и саксофон и ќе биде пуштена во етер кон крајот на наредната недела. За оваа песна се подготвува и спот во соработка со "Томато Продукција".
 

Strelka21