|
Во пријатната и опуштена атмосфера на ресторанот Билјанини извори, Ѓоко Танески го промовираше вториот албум "Никогаш доста". Поп-пејачот изјави дека толку трема немал од 1996 година, кога прв пат се појавил на "Макфест". - Овде сте сите мои луѓе. Јадете, пијте, опуштете се, слушајте убава музика. Ќе им се заблагодарам на авторите на песните Весна Малинова, Дарко Тасев, Владимир Дојчиновски, Влатко Илиевски, Јован Јованов, Дамјан Лазаров... Специјално благодарам за мојата сопруга Розе која ме подржуваше сите овие години. Тука е мојата мајка и мојата најголема љубов, ќерка ми Анастасија", рече Ѓоко во кусиот поздрав на гостите. Среќен и возбуден, тој не криеше дека песната "Ти должам се", со која го освои второто место на фестивалот "Охрид фест", и ја посветува на Розе. Ќеркичката Анастасија која има неполни две години, се дружеше со Тео, синот на Дарко и Марија Тасев. Веселите гости продолжија да уживаат во музиката на Ѓоко и во богатата шведска маса.
|