Muzika 15

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Двојна победа за дуетот Влатко и Ристо

Песната "За љубов се пее до крај" од авторите Владимир Дојчиновски и Ристо Самарџиев е победник и на поп вечерта и на интернационалната вечер, според гласовите на преставниците од публиката кои го сочинуваа жирито. Дуетот ја освои и првата наградата од стручното жири на поп вечерта во петокот.
По долго време, на Охрид фест се случува на Интернационалта вечер да победат домашни изведувачи, што не беше пракса минатите изданија кога првите награди главно одеа кај гостите од Балканот. Наде Талеска, која ги освои сите со беспрекорно квалитетниот вокал завчера го освои второто место со песната "Осамени". Гостинката од Србија Неда Украден иако не успеја да ги сокрие своите очекувања за победа, заврши на третото место. Хрватскиот пејач Жак Хоудек беше прв според советот на фестивалот, втора Мици од Словенија, а трет Ѓоко Ѓорчев,
Во поп вечерта во петокот, Наде Талеска и Ѓоко Танески ја поделија втората награда,а трета беше Елена Петреска од жирито од публиката.
Влатко и Ристо за некои беа необичен спој, а за повеќето фаворити. Уште по победата на поп вечерта изјавија дека би требало да го повторат успехот и во Балканска конкуренција. Желбата им се исполни и собраа најмногу дванаесетки од жирито.
И ова шеснаесетто издание на охридскиот фестивал ќе биде запаметено по пофалбите на директорот на фестивалот Григор Копров. Симпатичниот хитмејекер ниту една година не пропушта да се прошета зад сцената и да ги потсети новинарите и гостите во свој стил: "Сан Ремо, а пиле, кажи? Какви песни имаа оваа година, страшни! Овој фестивал ја подига македонската култура на повисоко ниво, го спојува Балканот", е дел од традиционалниот говор на Копров.
Ѕвезди на вечерта според коментарот на многумина беа водителите Лила М. Стојановска и Александар Блажевски. Низ интересното сценарио и песните со кои излегуваа на сцената, тие ги разбија стеротипите на класично водење на манифестација со строго изпланирани реплики. Блажевски се шегуваше со Лила дека сака млади дечки и често се мажи, а таа му врати со коментари дека секоја година на фестивалот ги менува водителките. Блажевски се шегуваше и на сметка на многуте дебитанти на поп вечерта со зборовите: па јас овде не гледам никој познат.
Четири вечери по ред до рано наутро, заедно со "Ар-Ен-Си" бенд секој од гостите се фаќаше за микрофон во хотелот "Ривијера". И дебитаните и балканските ѕвезди и домашните забавњаци и народњаци настапуваа заедно на пост фестивалските забави.
Веројатно поради покусиот буџет, годинава водителите не се јавуваа од зад сцената, а изостаната и крстарењето со брод и гласањето по пат на телевоутинг.

Strelka21