|
Брачната фолк- двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски демантираат дека се разведуваат. "Поголема глупост за нас не сме прочитале, 6 години сме во брак и супер ни е", велат фолк пејачите, родители на Петар (5) и Стефан (1,5). Татјана, која во моментов е на турнеја низ Швајцарија е шокирана од написите дека Новица ја тепал за време на турнејата во Австралија летово, и дека интервенирала тамошната полиција. Како што пишува таблоидот, Тања и Новица сакал да ги продолжи настапите уште десетина дена, а Тања сакала побрзо да се врати дома во Скопје кај децата. Кавгата, завршила со неколку шлаканици што Тања ги добила во хотелската соба во Сиднеј, по што реагирала и австралиската полиција. - Шокирана сум. Во Швајцарија сум на концерт и постојано добивам пораки за наводното тепање. Ништо од тоа не е точно, ниту нашите изјави. Нема врска со вистината. Јас и Новица се тепаме, ама со бакнежи и љубов. Така е сите овие години колку што сме во брак. Имаме разбирање, бидејќи сме од иста професија. Немаме никаков проблем, ниту во нашите кариери, ниту пак приватно, вели Татијана. И Новица ни потврди дека нивниот брак функционира беспрекорно, и дека тој се грижи за нивните два сина додека Татјана е во Швајцарија. - Лудост е тоа што се пишува. Секако дека не е точно. Јас и Тања имаме супер брак. Никогаш во животот не сум удрил ниту една девојка, а најмалку ќе ја удрам Татјана која ја сакам и која е мајка на нашите два прекрасни сина", вели Новица. Вчера во емисијата "Иселенички џубокс" на Македонската телевизија, Новица беше гостин во студиото, а Татјана се јави од Швајцарија да ги поздрави. И двајцата во етерот изјавија дека еден на друг си недостасуваат иако Татјана е отсутна од дома само неколку дена.
|