|
Во петок "Тетовскиот фолк фестивал" заокружи еден плоден период од своето постоење - 15 години во непрестајна мисија за афирмирање на мелосот, јазикот и културата, на битието и корените на македонскиот народ. Ревијата на 28 нови композиции, пејачи и фолк - групи,на 15- тото издание на овој фестивал во Манастирот "Свети Атанасиј" во Лешок ќе значи и можност слушателите и гледачите на радиските и телевизиските станици во нареднава година до следниот фестивал вгодина да ја изберат новата најслушана песна. "Од љубов се живее", која Блага Петреска вдахновено и емотивно ја испеја на ланскиот фестивал, беше прогласеа годинава како најслушана песна меѓу две фестивалски изданија. Тетовскиот пејач Ибуш Ибраимовски, кој е единствениот што настапил на сите 15 фестивалски изданија досега, доби посебно признание на фестивалот. Генерален спонзор на овој фестивал годинава беа градоначалникот на Тетово Сади Беџети и Советот на општината
|