|
Фолк пејачот Блаже Грујовски снима албум со стари изворни песни кои потекнуваат од Реканскиот крај. На албумот ќе се најдат 10 песни, кои се музички обработени од Јане Рафаиловски. За најпопуларната реканска песна "Ој невесте" фок пејачот сними спот. " Спотот се снимаше во селото Врбен, токму местото од кај што потекнува песната "Ој невесте". Во спотот сум облечен во Мијачка носија, а девојките во спотот во врбенска носија. Спотот го изработи Јанус, кој повеќе е познат како фотограф, вели Баже.Промоцијата на спотот ќе се одржи денес во МКЦ.
|