|
Бојана Атанасовска (25), облечена во долна облека и во кошула во боите на македонското знаме, позираше за "Вест" по повод Денот на независноста на Македонија. Пејачката вели дека ги почитува сите наши верски и државни празници, но особено овој оти ја празнува македонската државност.
- Кога Македонија прогласи независност јас имав седум години и одев во прво одделение. Моите родители тргањето на училиште го поврзуваат со тоа што биле титови пионери со црвена марама и петокрака. Кога јас бев прваче такво нешто немаше. Ја сакам Македонија и никогаш не би си заминала од тука. Сакам да биде вечна, вели Бојана. Атрактивната поп-пејачка вели дека летото и поминало по работно со бројни настапи во дискотеките и во клубовите низ Македонија, па за неа одморот допрва ќе почне. "Планирам да заминам за Дубровник, Хрватска. Но нема да ви откријам со кого ќе одам, нека биде тоа моја слатка тајна", вели таа и додава дека ова е нејзината омилена дестинација, бидејќи е воодушевена од убавините на овој приморски град. - Сум била во Дубровник неколку пати и многу ми се допаѓа. Тоа е град што го посетува и светскиот џет сет, а тоа значи дека навистина има што да се види. Не верувам дека таму ќе се сончам топлес зашто верувам дека можно е да има некој наш папарацо. Сончањето топлес ќе го оставам за следниот одмор, за кој мислам дека ќе биде на многу подалечна дестинација од Дубровник, додава Бојана. По враќањето од одмор, ќе работи на нејзиниот нов албум, ќе снима нови песни и нови спотови. "Засега не можам ништо конкретно да откријам. Албумот ќе биде готов следната година. Знам дека мојата публика ќе биде задоволна од тоа што ќе го сработам", вели Бојана. Поп-пејачката ни се пофали дека летово на своето тело ставила две тетоважи: морско коњче во неколку бои на грбот и мало гуштерче на десното стапало. - Гуштерче на деснотот стапало истетовирав зашто ми се допагаше како прилега на ногата. Кога ја видов тетоважата на слика се вљубив во неа. Е морското коњче има посебно значење. Ме отсликува мене. На Интернет истражував што значи тетоважата морско коњче и основните карактеристики се хуманост, гордост, просперитет и испливување. Дополнета е со музчки ноти кои ме отсликуваат комплетно. Сакам да им помогам на лугето и да дадам љубов неизмерна во било која форма, вели за себе атрактивната поп-пејачка.
|