Muzika 3

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Да ги пееме песните на Тоше хорски

Во пресрет на големиот хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, закажан на 24 јануари во салата "Борис Трајковски" и на само еден ден пред денот кога легендата требаше да го прослави 29. роденден, порталот МММ ексклузивно ги објавува текстовите на песните кои ќе ги отпеат неговите колеги. Ваквиот гест се должи на желбата фановите на Тоше да ги научат песните и сите заедно, хорски да ги отпеат. Темите во изведба на колегите на Тоше од земјава и ексју републиките, всушност, ќе се најдат на двојниот албум "Тоше и пријателите - Још увијек сањам да смо заједно", што ќе биде промовиран ден пред концертот, а се со потписот на Проески. Тој е автор на музиката, додека аранжманите и текстовите се дело на соработниците со кои работеше на последните изданија. Дел од концертот освен Нина Бадиќ и Аки Рахимовски, чии текстови "Касно је за све" и "Знам те ја" први се пуштаат во јавноста, уште ќе бидат Калиопи, Елена Ристеска, Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Борис Новковиќ и Тони Цетински. На двојниот албум (едното ЦД е со песните, а другото инструментално само со музиките кои ги направи Тоше), што во продажба официјално ќе биде пуштен во продажба на 25 јануари уште ќе се најде и темата "Још увек сањам да смо заједно" една од последните снимени песни и тоа во времето кога се работеше албумот "Игри без граници".

Средствата, пак, собрани од концертот ќе бидат искористени за исполнување на една од желбите на Тоше, односно за осветлување на манастирот Свето Преображение во Крушево. Според најавите на првите луѓе од Фондацијата, која го носи името на нашата најголема музичка ѕвезда, освен овие две желби - издавање албум со негови композиции и осветлување на манастирот наскоро треба да биде пуштен и спот за темата "Гуилтѕѕ од англискиот албум "Тхе хардест тхингг, кој го работи продукцијата ДМ. Зад концертот кој ќе биде мост на надеж и вистинска димензија на зборовите вера и љубов, стојат Владата на РМ и Министерството за култура, неговиот менаџерски тим од Аворд продукција, секако, предводен од менаџерката Љиљана Петровиќ.
 

НАЗАД