Muzika 4

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

ФОЛК ЅВЕЗДАТА ГОЦЕ АРНАУДОВ СЕ ЛЕЧИ ОД РЕТКА БОЛЕСТ НА КЛИНИКА ВО ФРАНЦИЈА

"Имам болест на белите дробови, веќе четири години примам терапија на клиника во Франција, но сеeуште добро се држам. Гласините дека имам рак и дека се борам за живот кои што се пласираа во јавноста уште пред неколку години ги демантирам со секој мој нов ден. Жив сум, сe уште настапувам на свадби и фестивали, а наскоро заминувам и на европска турнеја. Но, поради мојата болест на која што дури ниту името точно не и го знам бидејќи не сакам да мислам на неа, морам повеќе да се штедам и да внимавам на себе. Тоа сигурно го забележуваат и моите обожаватели, но сепак за себе можам да кажам дека јас дури и болен пејам подобро и со повеќе дух и емоции од повеќето мои млади колеги, - ни изјави фолк ѕвездата Гоце Арнаудов (51), еден од најенергичните пејачи на естрадата.
Фолк ѕвездата кој со сопругата и синот живее во Струмица, прв пат јавно проговори за болеста. Иако темпото на работа му е намален, вели дека има уште многу да и даде на публиката.
- Можеби недостасува дел од мојата голема харизма на која што свикна народот, но мојата голема љубов кон песната и пеењето од срце сигурно дека ја надополнуваат таа енергија која што морам да ја чувам поради болеста. Отсекогаш сум бил борец и не се предавам, се надевам дека моите обожаветели кои што се наоѓаат во слични животни ситуации ќе се угледаат на мене и ќе соберат сили за се што носи животот. Да беше вистина сето тоа што се збореше и коментираше за мене уште пред четири години јас одамна ќе бев мртов, но тука сум, и имам уште многу да и дадам на мојата верна публика, вели Гоце.
Арнаудов планира да му пее и на свадбата на својот пријател, министерот за транспорт и врски Миле Јанаќиевски,во јуни во хотелот "Холидеј Ин" во Скопје. Во кабинетот на министерот вработена е ќерка му Харита која со години живее во Скопје.
-Гоце веќе со години ме прашува кога ќе ми пее на свадба. Тој е мој стар пријател, па еве сега му се исполни желбата. Дефинитивно, тој ќе ни пее на свадб ата, а венчавката ќе биде во "Св. Јован Бигорски" , изјави за "Вест" пред десетина дена министерот за транспорт во информацијата дека се жени по 11-годишна врска.
Фолк ѕвездата на тринаесетти февруари заминува на едномесечна турнеја низ Европа, а веднаш по враќањето од турнејата во план му е уште една, во САД. Тој е еден од ретките фолк пејачи кој што може да се пофали дури со неколку турнеји годишно во странство и отсекогаш бил миленик на дијаспората и прикажуван како мајстор за незаборавни забави.

НАЗАД