Muzika 6

                                                                 Vrememerac02        



 
Форум
Вашата Порака
Писмо до Македон
Во меана на чет



Copyright 2004

              

 

"Капка под небото" со 10 нови песни

"Капка под небото", новиот албум на Каролина ќе излезе во продажба на 22 ноември, на макеоднски и на српски јазик. Поп- ѕвездата на новото цеде испеа десет нови песни, на кои работеа неколку композитори од целиот Балкан па дури и од Русија. Веќе познати на публиката и се дуетот со Скај Виклер "Крај", и баладата "За година две".
Покрај десетте песни, на албумот ќе има и две бонус песни, една акустична и една ремикс верзија. Како прв пилот сингл, наскоро ќе биде промовирана песната "Не се враќаш", од македонските композитори Бертан Арслани и Даниел Кајмаковски. Специјален гостин во песната е легендарниот гитарист Влатко Стефаноски.
"Авалон" продукција го издава албумот за македонскиот пазар, а белградскиот "Сити рекордс" за пазарот во Србија, екс Југославија и во дијаспората. Ова е шести по ред студиски албум за поп-ѕвездата. Последниот етно проект "Македонско девојче", Каролина го работеше со Златко Ориѓански. Албум со поп песни, таа нема издадено од 2005 година, кога излезе "Во заборав". Во наредниов период Каролина ќе се посвети на снимање спотови за новите песни и концертна промоција на албумот.
 

НАЗАД

Karolina Gocheva202