Muzika 7

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Јованка Житарова: Ако е убаво, треба да се види

На фестивалот "Прилеп фолк-фест", со фустанот кој повеќе откриваше отколку што покриваше, сексапилната фолк-пејачка Јованка Житарова предизвикуваше само воздишки. Таа настапи со песната "Убиец на љубовта" и ја освои првата награда за интерпретација. Вели дека оваа награда многу и значи, бидејќи интерпретацијата е нешто најважно за еден пејач.
- Песната е прекрасна и во неа може да се пронајдат многу оставени девојки. Со тоа што кај Дине сошив секси црвен фустан, сакав да покажам дека не треба да се тагува по загубената љубов, туку само да се изнесе најдоброто од себе и љубовта сама ќе си дојде. Јас не се срамам од убавината. Ако е убаво, треба да се види. А не се срамам и од љубовта. Подготвена сум да му ја дадам на човекот кој ќе го освои моето срце - вели Јованка, која наскоро ќе сними спот за последната песна и најавува уште пожешки изданија.

НАЗАД