Muzika 8

                                                                 Vrememerac02        



 
Форум
Вашата Порака
Писмо до Македон
Во меана на чет



Copyright 2004

              

 

Сакаме традиционална и весела свадба

Поп-пејачката Бојана Атанасовска е возбудена пред најважниот ден во нејзиниот живот, свадбата со Огнен Чаловски, која ги очекува викендов во еден елитен скопски хотел.
Бојана вели дека сака традиционална свадба, со сите адети, но најважно и е да биде весела журка и гостите да се опуштат и откачат. Гостите ќе ги забавуваат Тања и Новица со групата "Фортуна", а Бојана поканила и неколку пријатели од естрадата. Пред свадбата во хотелот, сватовите ќе дојдат по невестата во нејзината куќа во Црниче, потоа ќе заминат на во Матично, па ќе се венчаат во црквата Света Богородица. Пејачката вели дека ќе има и китење на гостите, и плаќање на невестата. "Сватовите се галичани, ќе треба пари да им извлечеме", се шегува Бојана. Идната невеста открива дека два месеци се подготвува за свадбата, нема трема, но како што се ближи денот, чуствува еуфорија.
" Фустанот ми го шие Елена Љутикова. Ќе биде во мој стил, авангарден и атрактивен, со рачно извезени кристали. Презимето ќе го сменам, ќе се презивам Чаловска. И двајцата сакавме традиционална и весела свадба, без глумење лудило со џез. Затоа знам дека Тања и Новица добро ќе си ја завршат работата. За семејсвото на Огнен, ќе има и дел со галички зурли и тапани", открива Бојана. Таа вели дека најмногу се радува што првата брачна ноќ ќе ја поминат во новиот стан во населбата Црниче. Последниве неколку месеци, Бојана и Огнен живееја во изнајмен стан во центарот на Скопје, а нивниот нов дом успеале да го средат токму навреме. Свадбеното патување го планираат за Нова година, а ќе ги посетат Прага или Рим, а можно е да се одлучт за некое егзотично место.
Идните младоженци се во врска една и пол година. Бојана вели дека Огнен и ја донел најголемата среќа, тој е човек кој живее за неа.

НАЗАД

Bojana Atanasovska03