|
Скулптура со ликот на големото име на македонската музика и добротвор Тоше Проески е изложена во Спомен собата - музеј на Мајка Тереза во Скопје.
Скулптурата со божествениот лик на Тоше ја изработи познатиот академски сликар и вајар од струмица Митко Ташев, во чест на големиот духовен празник- Божиќ.
На 25 јануари во Спомен собата на Мајка Тереза ќе биде отворена изложба на фотоси од хуманата мисија на Тоше и неговата активност во добротворната асоцијација во која што членуваше „Скопјанката Мајка Тереза“.
Посетителите ќе имаат прилика да ја видат статуата на Тоше и последното признание што тој го прими во својот живот на концертот во Скопје-наградата Мајка Тереза.
Желба на авторот Митко Ташев е првата излеана статуа да им ја подари на родителите на Тоше, Никола и Доминика Проески.
|