|
Македонија е петта земја во светот што развила сопствена маскирна униформа со „дигитална“ шара
[Се очекува војската да ги добие новите униформи најдоцна до крајот на годината]
АРМ воведува нови униформи, капи и ознаки за чиновите. Плик-капи, слични на „титовки“, ќе ги заменат сегашните маслинести баретки на старешините, а трупите ќе добијат нови борбени униформи со автентична, т.н. дигитална шара. Во моментов сопствени униформи со таква шара имаат само САД, Канада, Италија и Естонија. Генералштабот вчера ги избрал комбинациите на бои и шари за двете главни борбени униформи - континентална и универзална. За војниците во операции надвор од Македонија ќе се произведат помали серии на уште две борбени униформи: за операции во урбани места и за пустински операции, велат високи извори на АРМ.
Претседателот Бранко Црвенковски, како врховен командант на вооружените сили, во четвртокот ја потпишал уредбата за униформите и ознаките на АРМ и начинот и условите за носење. Според најавите, АРМ веднаш ќе ги воведе новите ознаки за чинови, а се очекува војската да ги добие новите униформи најдоцна до крајот на годината. Дотогаш ќе ги носи сегашните униформи.
Со новата уредба, АРМ воведува борбена, службена и свечена униформа, што ќе ја добијат само офицерите со чин од потполковник до генерал, воените претставници во странство, подофицерите-аѓутанти и членовите на Воениот оркестар. Тоа ќе биде единствената униформа што ќе се носи со шапка. Аѓутантите, музичарите и аташеата ќе носат и триплетен златен гајтан од рамото до градите.
Новата службена униформа на АРМ ќе биде со зеленикава боја и ќе се носи со плик-капа, наместо со маслинеста баретка или шапка. Со новата уредба, баретки ќе носат единствено припадниците на силите за специјални операции и на Воената полиција.
Новите борбени униформи имаат сосема нова, автентична маскирна шара, дизајн и боја. За разлика од досега, АРМ ќе има сопствена спецификација за составот, кројот и бојата на униформата, со што ќе има избор каде да ја шие. Избрани се четири вида униформи, според боите и шарата, но само два ќе бидат во секојдневна употреба - основната, континентална униформа, во комбинација на зелена, црна и сива боја и универзалната униформа, во комбинација на кафена, сива и црна боја.
Новите ознаки за чинови за офицери ќе бидат со ѕвездички, наместо досегашните линии на металните чинови за работна и за теренска униформа. Чиновите на подофицерите ќе се обележуваат со шеврони, како во американската армија. На реверите на униформата ќе се носи значка со ознака на родот, а на градите плочка со презимето, добиените одликувања и значки за завршените обуки и школи. куп камења, но и за љубовта која го возобнови по шест години".
|