Sport 2

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Кошаркарите стартуваа со пораз

Лоша реализација, слаба одбрана и физичка неподготвеност за константна игра цели 40 минути.

Воведниот пораз во евроквалификацискиот циклус од просечниот тим на Естонија ја доведува македонската кошаркарска репрезентација во незавидна позиција.

Да оди по двојно потежок пат до првото место во групата и пласман на дополнителниот турнир во Менорка.

Пропуштените шанси минатата година, но и киксот вчера повторно по којзнае кој пат ја отвора дилемата, ако можеме да одиграме само една солидна четвртина против состав како Естонија имаме ли навистина капацитет за учество на големите собири.

Едноставно премногу долго ни се повторуваат грешките, во различни периоди, па дури и со различни селектори.

И натаму чекаме да ја видиме вистинската сила на оваа селекција, звучните имиња во неа треба да спречат да страхуваме за првото место во конкуренција со Естонија и со Шведска.

За успех сега на македонскиот тим му требаа два триумфа над Шведска и победа повисока од шест поени во Скопје против Естонија.

Естонија - Македонија 72:66
Македонската кошаркарска репрезентација загуби со 72:66 од Естонија на воведниот натпревар од квалификациите за палсман на европското првенство.

Нашите најдобри кошаркари пропуштија можност со триумф на гостувањето вечерва во Талин да направат голем чекор кон дополнителниот турнир во Менорка.

За успех во групата, покрја триумфите над Шведска, во Скопје Естонија ќе мора да ја победиме со седум или повеќе поени.

Македонскиот национален тим средбата ја загуби во црната втора четвртина кога естонците направија двоцифрена предност, 35:20 беше на две минути пред крајот на првото полувреме.

Катастрофалната реализација во нашите редови во тој период придонесе противникот да се одлепи.

Шеснаесетте коша позитива на Естонија на влезот во третиот дел, ги мотивираа македонските репрезентативци на серијата од 15:0 со која се доближија на минус еден.

Во клучните момент пропуштивме два напада за водство, естонците се консолидираа и со неколку тројки ја заокружија третата целина со 7 поени предност. Во завршните десет минути максимумот на нашиот тим беше намалување на негативата на два поена.

Владо Илиевски беше прв стрелец во нашите редови со 20 поени, Врбица Сетфанов уфрли 13, а забележлива беше малата минутажа на Тодор Гечевски, постигна само 5 поени.


Strelka21