Sport 3

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Ватарполистите се пласиираа на Европското првенство

Македонскиот спорт доживеа историски успех. Можеби по малку неочекувано, но нашата ватерполо-репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство што во јули ќе се одржи во шпанската Малага.

Само 12 месеци по учеството на континенталниот самит на селекциите од „Б“ дивизијата, македонскиот национален тим, составен главно од српски и хрватски играчи, ќе биде дел од Европската елита во овој кај нас доста потценет спорт.

Шпанската виза ја обезбеди вечерва со триумфот од 9:7 над директниот конкурент Холандија и на коло пред крајот го осигура второто место на квалификацискиот турнир што викендов се одржува во скопскиот базен Младост.

Иако предноста од играч повеќе ја искористивме само четири пати во 13-те ситуации, извојувавме супер значаен триумф најмногу по заслуга на Крстоношиќ, кој постигна четири и на Кречковиќ, кој даде три гола.

По еднаш погодија Крстиќ и Петровиќ, но непроценлив придонес имаше и голманот Перинчиќ со дури 17 одбрани. Инаку, првата и третата четвртина во мечот беа израмнети, 3:3 и 1:1, нам ни припаднаа втората со 3:2 и последната со 2:1.

Неважен за нас ќе биде утрешниот последен натпревар со фаворитот во групата Русија, бидејќи втората позиција никако не може да ни биде загрозена.

Strelka21