|
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев во зимскиот преоден рок би требало да го облече дресот на украинскиот гигант Динамо од Киев, кој на Лацио му понудил 20 милиони евра.
Ова го пишува весникот „Македонски спорт”, повикувајќи се на украински и италијански медиуми, според кои Пандев во киевскиот клуб би заиграл во тандем со Андреј Шевченко.
Моќниот претседател на киевски Динамо, Грегориј Суркис подготвил проект, со кој украинскиот клуб би станал еден од најсилните клубови во Европа.
Истовремено, тренерот на минхенски Баерн, Отмар Хицфилд, потврди дека неговиот клуб влегол во трката за Пандев, понудувајќи сума од 15 милиони евра.
|