Top tema

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

За Јохан 15, за Љубе 12 години затвор

Затворска казна од 15 години за Јохан Тарчуловски и 12 години за екс-министерот Љубе Бошкоски, побарало Хашкото обвинителство во завршниот збор на 200 страници, доставен во писмена форма до Судскиот совет. Иако на барање на Обвинителството беа сослушани над 50 сведоци, дознаваме дека завршното обвинение за случајот Љуботен се темели на изјавите на само двајца сведоци. Ваквото барање е досега најмала затворска казна за обвинети од судот во Хаг. Најниска казна од 25 години затвор претходно беше побарана за косовскиот лидер Рамуш Харадинај, кој доби ослободителна пресуда.

Од 8 мај тече рокот во кој Трибуналот треба да се произнесе дали Бошкоски и Тарчуловски се виновни или пак ќе го отфрли обвинението. Обвинителите при усното излагање во мај ќе се обидат уште еднаш да го оправдаат покренатото обвинение за Бошкоски и за Тарчуловски.
Адвокатите се оптимисти и сметаат дека обвинителство не успеало да го докаже обвинението. Завршниот збор на Обвинителството покажа дека тие немаа сведоци кои би можеле меродавно да зборуваат за структурата и надлежностите во рамки на МВР, ниту вештаци од криминалистичката полиција, во чија надлежност е преземањето мерки за откривање на извршители на кривични дела. Немаше ниту судии кои учествувале во таквите постапки. Нивните сводоци беа контрадикторни, а некои дури и признаа дека во 2001 година биле платени од ОНА.

Бошкоски е обвинет за командна одговорност, односно дека како министер за внатрешни работи му одобрил на Тарчуловски да ја формира и предводи полициската единица, која во август 2001 година спроведе акција во Љуботен, во која настрадаа седуммина жители од албанска националност. Судењето за случајот Љуботен почна на 16 април минатата година. Двајцата обинети веќе три години се во притвор во Шевенинген.

Најбрзата пресуда во Хаг е донесена за еден месец. За Љуботен има околу 2.000 докази и најоптимистичките прогнози се дека пресудата може да биде донесена во јули.

Strelka21