Top tema3

 

ФОРУМ

ВАШАТА ПОРАКА

ПИСМО ДО МАКЕДОН

ВО МЕАНА НА ЧЕТ

ТЕЛЕФОНСКИ ИМЕНИК

                 Copyright 2004

 

Кокошка снесла јајце со ликот на Тоше

Јајце со ликот на Тоше снесла кокошка во средата вечерта, во кокошарникот на Горица Видеска,во селото Ропотово кај Прилеп. Семејството на Проески го побарало јајцето да биде експонат за спомен домот на Тоше во Крушево. Видеска возбудено раскажува дека прво видела оти јајцето има необична шара. Се' додека не го ставив да го вапсувам, не беше јасно што е шарата. Кога видов дека не се вапсува, го извадив и го забележав јасно исцртаниот лик на Тоше. Не им верував на своите очи, па ги повикав домаќините. Сите го препознаа Тоше - вели Видеска. Семејството Видески за јајцето го изветило семејството на Проевски.- Дојдоа зетот и чичкото на Тоше и тие, зачудени, го препознаа ликот на Тоше на јајцето. Го побараа да го стават во спомен-куќата што е во изградба, но ги замоливме да го остават за празниците, а после ќе им го дадеме - вели Видеска. Таа смета дека овој знак е благослов за нејзиниот дом за Велигден.

 

Strelka21